Апсења во Германија по протестите за Г7
Четримина кои протестирале против одржувањето на самитот на седумте индустриски најразвиени земји на светот Г7 во јужна Баварија, германската полиција во неделата ги пријави за нанесување тешки телесни повреди.
Четири лица би требало да бидат изведен пред судија подоцна во текот на денот, кога судијата ќе одлучи дали ќе бидат задржани во притвор.
Апсењата биле спроведени во текот на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во текот на протестот во саботата во Минхен, главниот град на германската сојузна покраина Баварија. Полицијата соопшти дека истражува вкупно шест лица поради употреба на сила против униформирани службеници.
Полицијата го процени бројот на демонстрантите на 4.000 лица, додека организаторите соопштија дека се собрале 6.000 демонстранти. Минхенската полиција распореди 3.000 полицајци откако организаторите на протестот најавија дека очекуваат да излезат најмалку 20.000 демонстранти.
Организаторите на одвоен протест во близина на дворецот Елмау блиску Гармиш-Партенкирхен во германските Алпи, каде се среќаваат челниците од Г7, се пожалија дека доделеното место за протестот е предалеку од дворецот.
„Не е во досегот на гласот, ниту очите“, изјави Франц Хаслбек од сојузот „Stop G7 Elmau“ во неделата во Гармиш-Партенкирхен, на 80 километри јужно од Минхен.
Истакна дека доделеното место за протестот е оддалечено 500 метри воздушна линија од местото на одржување на самитот и инсистираше дека тоа не е во согласност со претходната судската пресуда.
По долготрајните преговори со властите кои го организираат обезбедувањето на самитот, група од 50 демонстранти регистрирани во полицијата со лични податоци, во понеделникот со полициски возила ќе бидат донесени до безбедносната зона околу дворецот Елмау.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…