Апсење во Италија: Косовци се обиделе илегално да пренесат 16 малолетници преку граница
Камуфлирани како фудбалска екипа група Косовци се обиделе да префрлат во Италија 16 малолетници. -Во пристаништето Драч уапсени се десет лица на возраст од 21 до 54 години, косовски државјани, при обид за Италија илегално да пренесат 16 малолетници сите на возраст од 17 години. И тие се косовски државјани, чии родители на „менаџерите” им платиле од 3 до 4 илјади евра, стои во полициското соопштение.
Малолетниците биле претставени како фудбалери, додека уапсените како раководство, тренери и физиотерапевти на спортската екипа. Кај еден од организаторите откриени и запленети се околу 6 илјади евра.
Откако ќе биле пренесени во Италија децата веднаш требало да аплицираат за азил. Според италијанските закони малолетниците без придружба ги згрижува државата и им обезбедува образование.
Во Италија се побројни се малолетниците без придружба од Албанија кои родителите ги носат во Италија, ги напуштаат и се враќаат назад во Албанија.
Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања, само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.
Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.
Вкупниот број на малолетни имигранти од Албанија без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот во Стразбур ја казни Италија поради…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…
Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…
Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…
Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење…
Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење…
Пожар во хотел во Италија: 40 лица…
Голем пожар денеска избувна во хотелот Александар,…
Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…
Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…