Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери е само купување време
Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме, вели лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев во изјава за Сител ТВ, кој објасни дека ваквиот однос е само купување време.
„Oва враќање на спикерот Џафери е само добивање време, односно купување време“.
Тој го повтори ставот дека доколу Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.
„Се надеваме дека нема да се дрзне, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание затоа што тоа не е негова своина, не е негова сопственост и за ова одбивање ќе добие и соодветен поднесок од мене против него лично бидејќи како физичко лице ги објавил моите лични податоци што исто така е кривично дело“, вели Апасиев.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ја врати иницијативата на Левица за организирање референдум за францускиот предлог со кој почнаа преговорите на ЕУ со Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија е можно да има референдум…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…
Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…
Каде се чуло и видело, најголема опозициска…