Арапските држави одбија префрлање на Палестинците во нивните држави
Министрите за надворешни работи на неколку арапски земји објавија денеска, по состанокот во Каиро, дека ги отфрлаат плановите за префрлање на Палестинците во нивните земји „под какви било околности или оправдување“, со што презентираат единствен став против изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Египет и Јордан треба да ги прими жителите на Појасот Газа.
Во заедничката изјава по состанокот во Каиро, министрите за надворешни работи и официјални лица од Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Катар, палестинските власти и Арапската лига рекоа дека со нетрпение очекуваат да работат со администрацијата на Трамп за да се постигне праведен и сеопфатен мир во Блискиот Исток, врз основа на решение кое подразбира две држави, односно формирање на палестинска држава, објави Ројтерс.
Трамп во четвртокот повтори дека верува дека Египет и Јордан сепак ќе ги прифатат Палестинците од Појасот Газа, како што тој предложи, иако и двете земји ја отфрлија таквата можност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица загинати во Газа: Гладни Палестинци упаднаа…
Толпа луѓе упаднаа во магацин на Светската…
Нов обид за прекин на огнот: Тел…
Хамас го разгледува израелскиот предлог за прекин…
Палестинска конгресменка: Трамп повикува на етничко чистење
Рашида Тлаиб, единствената палестинско-американска членка на американскиот…
Арапските држави одбија префрлање на Палестинците во…
Министрите за надворешни работи на неколку арапски…
Шолц: Предлогот на Трамп за преселување на…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека…