Арачиновец избегал од затвор, полицијата го фати и го врати

t

Вчера околу 14.00 часот во с. Арачиново, скопско, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи го лишиле од слобода С.А.(33) од с. Арачиново, известуваат од МВР.

За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор

Од затворот Штип вчера било пријавено дека…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…

(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…

Возило на командир во битолскиот затвор било…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…