Арачиновец ограбил сендвичарница, куќа и возило
На 22.09.2023 околу 12.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Е.Б.(28) од с.Арачиново.
Тој се сомничи дека на 21.09.2023 изршил тешка кражба во сендвичарница, дека на 14.09.2023 извршил тешка кражба во куќа во с.Арачиново и дека одзел патничко моторно возило. Со него бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признал делата.
Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, а при лишувањето кај него, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдени машини од градилиште на пругата Куманово…
Непознати лица украле машини на компанија која…
Дрска кражба во скопско: Од врат ѝ…
На 31.05.2024 во 19:45 часот во СВР…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…
Бог да чува: Малолетник крадел од манастир
На 27.03.2024 во 18.50 часот во Кавадарци,…
На сред ноќ упаднале во домот на…
На 20.03.2024год., во 03:30 часот во Полициската…