Аргентина забранува операции и терапии за промена на полот кај деца

Претседателството на Аргентина објави дека претседателот Хавиер Милеј одлучил да ја забрани терапијата за промена на полот и операцијата на малолетници, како и да воведе ограничувања за сместување на трансродовите жени во женските затвори, објави Ројтерс.
Канцеларијата на Милеј соопшти дека владата ќе го промени законот од 2012 година кој им дозволува на луѓето да го менуваат својот родов идентитет, вклучително и забрана за хормонски третмани и операции за деца.
„Родовата идеологија доведена до крајност и применета на деца преку сила или психолошка принуда јасно претставува злоупотреба на деца“, се вели во соопштението на агенцијата.
Во Аргентина, операцијата за промена на полот е многу ретка кај децата, а трансродовите малолетници обично мора да подлежат на медицински преглед и дијагноза пред да почнат да користат блокатори на пубертетот или хормонски терапии.
Милеј, исто така, ќе издаде декрет дека затворениците ќе бидат сместени според нивниот пол евидентиран во времето на злосторството.
Без разлика, ниту една трансродова жена нема да биде сместена во женски затвор доколку биде осудена за сексуални злосторства, трговија со луѓе или насилство врз жени, додаваат од претседателството, пишува БТА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аргентина очекува инфлација од над 95%
Економистите ја зголемија својата прогноза за годишната…
Обид за убиство на аргентинската потпретседателка: Маж…
Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше…
Осум членови од медицинскиот тим на суд…
По обвинение за убиство од небрежност, во…
Силен земјотрес ја погоди Аргентина
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…