АРМ ги одржува редовните вежбовни активности
Во текот на денешниот ден почнаа да се изведуваат вежбовни активности во гарнизоните каде има стационирани единици на Армијата, како дел од редовните и планирани активности на Генералштабот и потчинетите команди и единици.
-Овие вежбовни активности кои се изведуваат во и вон работно време во различни периоди на годината се дел од годишниот План на Генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во изведување на предвидени постапки и мерки во зададени ситуации, информираат денеска од Генералштабот на Армијата. Оттаму додаваат дека за оваа активност и раздвижувањето на персонал и моторни возила кое ќе се одвива во гарнизоните, навремено се известени сите релевантни државни институции на подрачјата каде се предвидени активностите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдено возило на АРМ кое било оставено…
Украдено возило во сопственост на Армијата кое…
ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…
ДУИ го повика НАТО да интервенира за…
Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…
ВЛЕН се пофали дека за прв пат…
„Нонграта од ДУИ почна да спие подлабоко,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите…