Арнаудова сака врз грбот на децата во ризик да ги полни џебовите, граѓаните гневни реагираат на социјалните мрежи
Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави фејсбук објава во која пејачката Кристина Арнаудова ја нападна со навреди градоначалничката Арсовска и Градот Скопје поради тоа што Градот не одобрил средства за проект кој Арнаудова го организирала од 2017 година кога СДСМ дојде на власт.
Имено, проектот кој го спроведувала и организирала Арнаудова бил поддржуван директно од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов кој во изминатите години често беше во друштво на Арнаудова на партиските митинзи на СДСМ.
По објавениот статус на социјалните мрежи, граѓаните со лавина коментари ја бомбардираа Арнаудова да одговори дали парите кои ги земала од Градот Скопје за проектот биле заслужена награда поради нејзините настапи на партиските митинзи на Шилегов и Заев, на настаните за промената на уставното име на државата и на ред други настани?

Покрај неколкуте податоци за настапите на Арнаудова на партиските митинзи, граѓаните уште прашуваат и дали Арнаудова земала огромна сума од организаторите на НАТО фест, каде што таа настапуваше, но исто така и побараа од неа да ги објави сите институции од каде што во изминатите пет години редовно земала средства за разни проекти.
Граѓаните преку коментари на порталите на кои беше објавена веста, велат дека е некоректно и нечовечки врз грбот на дечињата да се истиснуваат народни пари за реализација на проект кој јасно се гледа дека е политички и поддржан од поранешното градско раководство, кое со доделувањето на средства на граѓаните се оддолжувало за услугите на Арнаудова во изминатите неколку предизборни кампањи.
Градот Скопје доцна попладне во текот на вчерашниот ден излезе со своја реакција преку статус на Фејсбук страната, каде што потенцираше дека Градот останува сојузник и поддршка на релевантни организации како Црвениот Крст и организации со повисок квалитет на понудени активности за поддршка. Градот го поддржува Црвениот крст кој организира летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, релевантна организација со сеопфатни проекти кои се спроведуваат со широка поддршка. Арнаудова во обид да го исполитизира фактот што не може повеќе да испумпува средства од градската каса, укажува извртување на вистината, стои во Фејсбук статусот на Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…