Арсовска: Градоначалниците и да сакаат да направат ребаланс, не можат, ако го потрошaт целиот буџет на две сметки на струја, од што ќе скратат?
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во емисијата 24 анализа, на коментарот на вицепремиерот Битиќи дека градоначалниците треба да направат ребаланс за да се справат со кризата со електрична енергија, истакна дека и да сакаат да направат ребаланс, нема од што да скрата ако целиот буџет им оди за две сметки за струја.
„Со една и две фактури по новиот начин на наплата на општините им се троши целиот буџет и потоа се трошат сретства од проектите кои биле наманети во интерес на граѓаните. Сега се наоѓаме и во здравствена, економска и енергетска криза и беа доставени конкретни мерки во делот на снабдувањето со струја. Едно од барањата беше финанска надомест на разликата во цената која се јавува од пред раскинувањето на договорите до оваа позиција. – рече Арсовска.
Градоначалничката посочи дека е невозможно да се направи ребаланс, ако нема од каде да се скрати.
„Без разлика на градоначалникот, во која општина и да е, доколку го истроши целиот буџет годишен со две сметки за струја, тој нема од каде да направи ребаланс, пд што ќе скрати“, додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…