Арсовска: Делегација од Град Скопје положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев
Градоначалничката Данела Арсовска и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, денеска положија свежи цвеќиња на гробот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, во дворот на црквата „Свети Спас“, по повод 119 годишнината од неговата смрт.
Гоце Делчев е еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач кој со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Визионер кој уште пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Затоа, денес на 4 мај, се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода.
За Скопје и скопјани достоинствено го чествуваат неговиот лик и дело и го вреднуваат неговото наследство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…