Арсовска жестоко: Министерката за култура прави циркус – не ја интересира вистината и безбедноста на граѓаните кога станува збор за Универзална сала
Јавноста треба да ја знае целата вистина истакна градоначалничката Данела Арсовска во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, говорејќи за состојбите околу реновирањето на Универзална Сала.
Арсовска уште еднаш потенцираше дека постојат сериозни пропусти во проектната документација кој претставуваат ризик по здравјето и животот на граѓаните.
Таа посочи дека никогаш нема да стави потпис на нешто што преставува ризик за граѓаните.
-Околу Универзална сала, сите кои велат дека нема никаков сакам да им порачам дека потписот треба јас да го ставам и да гарантирам за безбедноста на скопјани. Затоа им реков доколку сте толку сигурни ставете вие потпис и гарантирајте за сите. И сите бегаат, не е тоа така. Да се сакало требаше да дојдат на маса и да разговараат, додава Арсовска.
Арсовска додава дека министерката за култура, Бисера Костадиновска говори лаги кога станува збор за Универзалната сала, а единствената нејзина цел беше да прави циркус како што вели градоначалничката.
-Писмено ги поканив на разговор, на состанок на кој не се одзваа за потоа да прават циркузи пред универзалната сала. Да сакало да се разговара ден претходно имаа покана да дојдат да разговараат и можеа да разговараат. Нечесно е да се кажуваат полувистини и да не се кажуваат аргументите. Документите ги имаме, писмата, поканата ја имаа. Министерката беше поканета да дојде со официјална покана да седне и да разговара. Одлучи утредента да ме покани на ТВ дуел пред универзалната сала, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…