Арсовска за „Усје“: Обвинителство три години не постапува по кривичната што ја поднесов
За „Титан Усје“, Јавното обвинителство по три години сѐ уште нема постапено по кривичната пријава која ја поднесов по утврденото загадување од нивна страна, реагира поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Цементарата „Титан Усје“ согорува 4.400 тони отпад годишно и е најголем увозник на отпад во Македонија. Прашајте ги барем од Јавното обвинителство до каде се постапката, бидејќи за политички цели постапуваат ИТНО, а кога животот на сите ни е загрозен од секојдневно труење СИ МОЛЧАТ – пишува Арсовска.
Од „Усје“ вчера реагира за наводите кои ги изнесе „Зелен хуман град“ (ЗХГ) – граѓанската иницијатива обвини дека Цементарницата е еден од најголемите загадувачи во Скооје и поднесе иницијатива фабриката да се дислоцира од градската средина поради, како што велат од ЗХГ, енормното загадување што секојдневно го предизвикува.
Од компанијата велат дека ваквите наводи се невистинити, а Цементарница се користи како изговор за загадувањето во главниот град, иако, според компанијата, причините треба да се бараат на друго место.
ЗХГ вчера обвини дека Цементарница е еден од најголемите загадувачи во градот и поднесоа иницијатива „Усје“ да се алоцира од градот поради, како што велат, енормното загадување што секојдневно го предизвикува. Топланата во Кисела Вода според податоците на платформата „Клајмат трејс“ e во топ 10 најголеми светски загадувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…
Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…