Арсовска: ЗЕЛС ќе побара Уставниот суд да оцени законитост на владина одлука
На денешната 10-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со градоначалниците членови на Управниот одбор, ја разгледавме Одлуката за преземање мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија донесена од страна на Владата на 30.10.2022 година и едногласно донесовме одлука за покренување иницијатива пред Уставниот Суд на Република Македонија за оцена на уставноста на оваа владина одлука.

Членовите на Управниот одбор повторно ја истакнаа состојбата во која се наоѓаат општините со покачувањето на цената на електричната енергија во поглед на комуналната такса, се предложија можни решенија за надминување и се донесе заклучок за доставување соодветно барање до Регулаторната комисија за енергетика за постапување по однос на заклучоците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гори куќа во Кочани
Пожар попладнево избувна во куќа во Кочани.…
Вучиќ: Нема да потпишувам помилувања, Србија вчера…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Колумна на Оливер Андонов: Едногодишен помен
Едногодишен помен Едногодишниот помен е последен помен…
Москва: Украина го нарача терористичкиот напад во…
Украинските специјални служби се организатори и нарачувачи…
Тројца повредени во „Пулс“ уште се лекуваат…
Тројца од повредените во пожарот во „Пулс“…