Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе – се решаваат децениските предизвици
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска извршија увид во изградбата на новата фекална канализација на улицата Софиска во населбата Тафталиџе во општина Карпош.
– Реализираме проекти за подобрување и унапредување на инфраструктурата во општина Карпош, а истовремено решаваме долгогодишни проблеми на околните жители со инфраструктурата во овој дел на градот. На улицата Софиска во населбата Тафталиџе изградена е нова линија по самата улица, а се интервенираше и на постоечкиот систем во оваа населба со цел подобрување на досегашниот начин на одведување на отпадните води – изјави Арсовска.
Новата линија за одведување на отпадните води со вкупна должина од 410 метри, се приклучи на постоечката фекална канализација на улицата Московска со дијаметар од 400мм.
– Изградбата на нова фекална канализација во Тафталиџе е уште една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација, чија реализација е завршена во предвидениот временски период. Продолжуваме посветено да работиме на изградба на нова и на подобрување на постоечката водоводна и канализациона мрежа во Скопје – истакна Перински.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…