Арсовска: Конечно ќе се реши проблемот со атмосферските води од Припор и Сопиште
Се изготвува инвестициско техничката документација за прифаќање на атмосферските води од Припор и Сопиште, делови од Скопје кои немаат атмостефрска канализација и го оптоваруваат постојниот систем, соопшти на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Покрај реализација на тековните инвестициски проекти за изградба и реконструкција на водоводната и канализациона мрежа во градот, продолжуваме со исполнување на ветувањата од програмата “За модерно Скопје” со изработка на инвестициско техничката документација за прифаќање на атмосферските води од Припор и Сопиште.
Проектната документација има цел да се оствари сепарационо и трајно решавање на одведувањето на атмосферските води од местата кои гравитираат на потегот од нискиот дел на Припор во близина на новиот кружен тек на булевар Србија па сè до кружниот тек во Сопиште.
На овој локалитет досега не постои изградена атмосферска канализација, заради што постојниот систем на фекална канализација е дополнително оптоварен со дождовни води и во услови на дожд постои можност за изливање на отпадните води. При тоа низ постоечката канализација во услови на обилни врнежи минува земја, песок, листови и гранки кои претставуваат дополнителен проблем при одржувањето на канализационата мрежа посебно во нискиот дел од Припор.
Изработката на оваа техничката документација од страна на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, е конечно решение за соодветна канализација, усогласена со потребите на терен и планските решенија за населените места и со негова реализација ќе се овозможи соодветно одводнување. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Се запали возило на италијанската амбасада…
Возило во сопственост на Амбасадата на Италија…
Арсовска: Конечно ќе се реши проблемот со…
Се изготвува инвестициско техничката документација за прифаќање…
Делови од 6 скопски општини утре без…
Без електрична енергија утре ќе останат делови…
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…