Арсовска: На местото на една од најголемите диви депонии направивме мега-парк од 50.000 квадратни метри

t

На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров, истакна градоначалничката Данела Арсовска која на Фејсбук сподели фотографии од мега-паркот.

-Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина.

Во паркот се финализираше изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште.

Посветено работиме на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долготочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за жителите на Скопје. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…

Арсовска: На местото на една од најголемите…

На место на една од најголемите диви…

Наместо депонија со 15-20 метри отпад во…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…

(Фото) Хаос во Капиштец: Уништен 40 годишен…

Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје…

Арсовска: До крајот на годината уште два…

Груба манипулација се изјавите во јавноста. Не…