Арсовска од Свети Спас: Големиот македонски револуционер Гоце Делчев е идеолог и визионер кој зборуваше за независна македонска држава

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска по повод 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, положи свежо свеќе пред неговиот гроб во цркавата Свети Спас.

– Со делегација од Градот Скопје, денеска положивме свежо цвеќе на гробот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, по повод 151 годишнината од неговото раѓање.

Големиот македонски револуционер Гоце Делчев е идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно движење кој остави траен печат во македонската историја и колективната меморија. Делчев е визионерот кој зборуваше за независна македонска држава и се бореше за слобода, рамноправност, прогрес и културен натпревар меѓу народите.

Неговите дела до ден денешен ги вреднуваме и чествуваме. Тие не водат кон подобро општество во кое македонските граѓани, во заедништво, се стремат кон подобро утре за сите во нашата Македонија. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…