Арсовска: Очекувам сите советници да ги поддржат политиките во интерес на скопјани

t

Откако Данела Арсовска ги разреши досегашниот директор на ЈП “Водовод и канализација”, Златко Перински и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека еможно советниците од нивнте редови повеќе да не даваат поддршка за Арсовска во Советот на Град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното гостување во вестите на “Канал 5” Телевизија, вели дека очекува од сите советници да ги поддржат проектите кои значат подобар живот за скопјани.

– Тие проекти се на скопјани и очекувам дека сите советници ќе ги гласаат, досега за сите проекти кои беа доствени видовме случаи и на консензус односно проекти кои беа гласани од сите советнички групи, нивната одговорност е пред граѓаните, рече Арсовска која додава дека нема контакт со СДСМ но очекува и нивна поддршка во Советот на Град Скопје.

– Контакти со СДСМ немам но она кое може да го видам во рамки на советот кое е доставено како наши мерки и политики во интерес на граѓаните било секогаш поддржано од сите политички опции и на таа нивна совест и одговорност ќе повикам и во иднина, рече Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…