Објавено на:

Арсовска: Претпријатијата се девастирани – Парите кои порано се трошеа за бифтеци се пренаменети за граѓани од ранливите категории

t

Во телевизиско гостување, вечерва на ТВ Шења, градоначалничката на Град Скопје зборуваше за сосотојбата која била затекната во јавните претпријатија на Градот и понатамошниот план за работа на истите.

“Фактичката состојба укажува на навистина лоша ситуација, јавните претпријатија се девастирани.

Таму состојбата е особено проблематична од финансиски аспект, сега се случува детална ревизија и за тоа што се случувало таму и за во Градот Скопје. Ќе бидат покренати соодветни постапки доколку имало злоупотреби. Ние сега сред економска, здравствена и енергетска криза немаме можност на граѓаните да им го понудиме тоа што го заслужуваат. Не се жалиме, само сакаме да знаат граѓаните каква е ситуцијата и со што се соочуваме.

Само пред избори скоро стотина административци се вработени во Скопје, со редовни вработувања не со договор на дело. Тие луѓе трошеле средства на граѓаните, а доколку си ја работат работата како што треба ќе може да се организира нивната работа. Средствата кои се трошеле за бифтеци и скапи ручеци сега се пренаменети за граѓаните коинемаат кров над глава, кои буквално еден оброк на ден не можат да обезбедат. Не се за јадење бифтеци на сметка на буџетот.” – истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…