Арсовска: Свети Климент е пример дека со труд, пожртвуваност и посветеност може да правиме добри дела за Скопје, за нашиот народ и нашата Македонија

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го честиташе денешниот празник и порача дека со труд, посветеност, пожртвуваност може да направиме добри дела за нашата Македонија.

– Делото на Св.Климент преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеност се постигнува многу и може да се придонесе за општество базирано на принципи и вредности. Само со труд, пожртвуваност и посветеност може да направиме добри дела, за нашето Скопје, нашата Македонија и нашиот народ, со меѓусебно почитување и постојана работа.

Денешниот ден, денот кога го празнуваме најголемиот просветител Св.Климент, нека биде ден кога ги чествуваме просветителите и учителите, сите кои како и Св.Климент не учат на најважните принципи во животот – чесност, труд, непокор и посветеност.

Дозволете денешниот голем ден да го честитам на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Светиот Синод при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на сите граѓани на градот Скопје и Република Македонија. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…