Арсовска се сретна со претставникот на УНДП во Македонија, Армен Григоријан: Договорено заедничко одбележување на 60-годишнината од земјотресот во Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари средба со претставникот на УНДП во Македонија, Армен Григоријан. Како што информираше Арсовска, на средбата се разговарало за катасфтрофалните земјотреси во Турција, но и за актуелни теми.
– Остваривме работна средба со претставникот на УНДП во Македонија Армен Григоријан на која, покрај состојбите и последиците од раздорниот земјотрес во Турција и Сирија и активностите на поддршка и солидарнодт од страна на Градот Скопје, разговаравме и за 60-годишнината од разорниот земјотрес кој го зафати Скопје.
Се договоривме со меѓуинституционална соработка да организираме заеднички активности по повод одбележување на 60-годишнината од земјотресот во Скопје. Разговаравме и за актуелни теми и предизвици со кои се соочува градот Скопје, за што договоривме заеднички проекти и решенија. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
МВР ќе анализира траги од пукање со…
При користење огнено оружје, во зависност од…
Арсовска се сретна со претставникот на УНДП…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари…
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…