Арсовска со морничаво предупредување: Еве како изгледаат зградите на Висар после земјотрес…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, продолжува со своите објави контра градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а кои се однесуваат на дивоградбите. Овој пат таа истакна дека така изградените згради при земјотрес се рушат до темели.
„Криминалци, лопови и релативизатори.
Утрово земјотрес во Валандово, Македонија е трусно подрачје, никој не вели да не градите, АМА ГРАДЕТЕ ПО ПРОПИС, БЕЗ ФАЛСИФИКАТИ И БЕЗ КРИМИНАЛ!
Мало појаснување што им правите на своите сограѓани кои чесно живеат и немаат згради вредни милиони а купуваат станови во вашите ДИВОИЗГРАДЕНИ “НОВИ” ЗГРАДИ ВО ЧАИР!
некој не може да си легализира имот со децении, а вие со фалсификат легализирате 150 згради
не е ова гаража или соба, туку е НЕБЕЗБЕДНА ЗГРАДА на 12 спрата без документи и без проект
ИЗМАМЕНИ сограѓани, мислат купуваат стан во нова легална зграда, а добиваат небезбеден опасен објект (парите ќе си ги враќате)
12 ката без безбедност, без проект, без архитектура, без статика
малтретирате луѓе со години со документи за доградба или гаража, за да ги уценувате за имотот на кој подоцна градите згради дивоградби
цел живот не може некој да си реши станбено прашање, вие лажете дека на 5 години некој градел и го правите милионер со цела зграда сопственост
Објектите кои Висар Ганиу, Ејуп Адеми, Арбен Речица и Сабедин Рамадани ги легализираат со фалсификати на 5 годишњаци милионери, СЕ ЗГРАДИ.
Според член 2 став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, се легализираат помошни градби (гаража, остава) кои се во функција на објект за домување или друг вид на објект, времени објекти наменети за домување или посебни делови од објекти пренаменети без одобрение за пренамена, А НЕ ЗГРАДИ.
Фото од зградите во Драч и Адана градени ко тие на Висар Ганиу, срушени од земјотрес, ОПКРУЖЕНИ СО ЗГРАДИ ГРАДЕНИ ПО ПРОПИС!“, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска со морничаво предупредување: Еве како изгледаат…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, продолжува со…
Трагедија – Во Италија се удави 9-годишно…
Трагедија се случила вчера во Италија, откако…
(Видео) Вучиќ апси, испрати полиција да ги…
Српското МВР објави дека полицијата ги отстранила…
„ТУКА ЌЕ СПИЕМЕ АМА КОЖУФ НЕ ГО…
Дозвола издадена од Општина Кавадарци кон крајот…
Aпасиев со жестока реакција по пресудата за…
Премиерот #Мицика тужел опозициски ПРАТЕНИК за клевета…