Арсовска: Ѓорѓиевски тера пикник со Меџити и Ганиу, нема правда додека не се случи нова трагедија
Претседателот на општините на ЗЕЛС кој би требало да биде најповикан во борбата со урбаната мафија, денес тера пикник со најголемите урбани мафијаши во Скопје – Изет Меџити и Висар Ганиу, посочи на својот Фејсбук профил градоначалничката Данела Арсовска.
„Нема никаква правда да има, ниту пак одговорност. За ништо. Се додека не се случи нова трагедија“, напиша Арсовска на Фејсбук.
Арсовска реагираше и на обвинувањата на ВЛЕН за незаконска градба во општина Сарај. Според Арсовска, сегашниот член на коалицијата која што ја обвинува, Мухамед Елмази бил член на Совет на град Скопје во овој мандат и истакнат член на ДУИ до септември 2024 година, кога, како што вели, претрпе магична трансформација и стана ВЛЕН за да го постават директор на државното НОМАГАС.
„Вчера барав на седница да се зборува за нелегални дивоградби во сите 10 скопски општини, ама Мухамед, иницијативата за дивоградбите од Сарај твоите коалициски партнери од ВМРО ја покренаа и сами си ја повлекоа“, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…
Вицепремиерот и министер за животна средина и…
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…
Меџити: Се залагаме во Македонија да не…
Демократско движење се залага во Македонија да…
Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…
Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…