Арсовски во одбрана на францускиот предлог: Бугаризација е кога ќе ја одземете европската иднина и луѓето ќе земат бугарски пасоши
Не очекувам ескалација на протестите, но болката и поделбата ќе остане и барикадите во различните кампови ќе останат. Ние во суштина немаме вистински дебата ниту за францускиот предлог, ниту за алтернативите пред нас. Предлогот доаѓа кога треба брзо да се разреши притисокот од меѓународната заедница, нестабилната ситуација во Бугарија, војната во Украина. Ова доаѓа после долг период неисполнети ветувања од ЕУ и ја прави дебатата невозможна, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Според него, не може да се споредува сегашната ситуација со идеалната ситуација
-Идеалната ситуација е дека Македонија заслужи полноправно членство во ЕУ, без дополнителни услови. Во моментот дебатата околу францускиот предлог, треба да ја споредиме со алтернативата. Што губиме, а што добиваме и дали тоа што го добиваме е повеќе од тоа што го губиме. Добро е што протестите деескалираат. Луѓето имаат право на протести, во САД протестираат секој ден, но дебатата не може да се сведе дали идентитетот е нападнат или не. Идентитетот можеме само самите да си го нападнеме. Не е процес на бугаризација ако потпишете протокол во кој прифаќате да разговарате за формулација цар Самоил и Гоце Делчев. Бугаризација е кога ќе ја одземете европската иднина на многу луѓе и ќе земат 200.000 бугарски пасоши. Тие луѓе земаат пасоши затоа што немаат иднина. Тој процес ќе продолжи ако сме надвор од ЕУ. Тоа е дебатата, дали е ова вистинскиот пат кон подобра иднина?, констатира Арсовски во емисијата „24 анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…
(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…
Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…
(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…
Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…
(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…
Петар е детето кое ја насмеа македонската…