Арсовски: Историјата во СДСМ се повторува и со обидот за скандалозна продажба на „АД Славија“ на луѓе блиски до Заев

t

На денешната трибина „Исти луѓе, исти вредности“ која што се одржа во Палатата др. Христо Татарчев портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека негативниот континуитет во СДСМ се повторува, односно исти луѓе исти вредности кои што датираат од минатото а историјата се повторува и со обидот на скандалозната продажба на „АД Славија“ на луѓе блиски до структурите на Заев.

– Гледаме дека историјата се повторува вклучително и со онаа тема која што ја говорев јас изминатиот период со акционерското друштво Славија каде што власта тргна тивко во време кога се менуваат две структури, односно менување на две гарнитури во СДСМ но и во власта се обидоа да продадат фирма, компанија, пакет на акции кои што имаат вредност повеќе од 20 милиони евра да ги продадат само за 218 000 евра. И од ден во ден се главеа се повеќе и повеќе во оние нивни препелкања во онаа жива кал наречена криминал и корупција. Видовме дека многу ревносно излегоа да ја бранат таа зделка во најава, која што е за одредени блиски луѓе до власта секојдневно пуштаат деца буквално да ја бранат, деца од нивната партија, се кријат зад деца за да можат да го сторат овој криминал во најава, но се уште веруваме дека се доволно свесни институциите и јавноста и ќе го спречат заедно со нас ова криминално дело во најава продажба на АД Славија, нагласи Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски истакна и дека АД Славија има вкупен имот од вредност над 20 милиони евра а фирмата функционира рентабилно има 30 вработени кои што секој месец на време им се исплаќа плата и има приход годишен од 50 милиони евра а на сметка има 100-тина илјади евра.

– Само за потсетување АД Славија има имот од стотици илјади квадратни метри површина, има десетици и десетици објекти кои што се на атрактивни локации, управната зграда, магацините во Гази Баба, магацините во Кисела Вода, потоа локации како на Рузвелтова, во Ѓорче Петров, во Пржино, кои што се многу атрактивни и коишто сите за потенцијалниот откупувач кој што е близок до оваа структура на власат до Заеви сакале да ги купат за подоцна да можат да градат згради и објекти дебело да профитираат. Инаку фактичката состојба да потсетиме фирмата не е загубар како што ја претставуваат, фирмата чини над 20 милиони евра, односно акциите чинат со целата своја вредност, фирмата функционира рентабилно има 30 вработени кои што секој месец на време им се исплаќа плата има приход годишен од 50 милиони евра и на сметка има според нашите информации 100 тина илјади евра, иако тоа се обидуваат да го демантираат од власта, дека немало 100 тина имало помалку, што значи дека сепак одлично функционира таа фирма иако е во стечајна постапка а сепак сакаат да ја продадат и да ја раскрчмат, истакна Арсовски.

Арсовски апелираше веднаш да се прекине со ваквата срамна продажба на „АД Славија“.

– Очигледно е дека сериозно се вмешани во коруптивни скандали и криминали и она кое што уште еднаш го апелираме од оваа панел дискусија е да уште веднаш ја прекинат оваа срамна продажба на „АД Славија“ и да тоа се стори онака како што треба со проценка, со извештаи, со државни протоколи од институциите подоцна да биде продадена онака како што доликува односно за сумата за која што вреди, бидејќи сепак тоа е државен имот, имот на граѓаните, заклучи Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…

Од политичката партија „Левица“ велат дека се…