Артан Груби нема албански пасош

t

Артан Груби нема албанско државјанство, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.

Истовремено, новинарите на БИРН во Албанија не најдоа никаков запис во тамошниот Службен весник дека Груби добил државјанство.

Во последниве денови се засилија шпекулациите дека поранешниот вицепремиер и еден од највлијателните луѓе во ДУИ, Груби престојува во близина на Драч.

Пред неколку дена, откако вицепремиерот Изет Меџити, во интервју за албанската телевизија „Ора њуз“, изјави дека Артан Груби го напуштил Косово и се наоѓа во Албанија, во медиумите се прошири шпекулација дека Груби има албански пасош.

Груби веќе десет дена не е достапен за полицијата, а државата ја напуштил ден пред полицијата да изврши претрес во неговиот дом.

На 17 декември, Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор, а следниот ден и Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по него.

Во меѓувреме, Груби преку својот адвокат Владимир Доневски побарал укинување на притворот. Неколку дена подоцна, Кривичниот суд го одби барањето.

Истрагата за Груби за злоупотреби во Државна лотарија беше отворена откако тој и судијата Енвер Беџети завршија на црната листа на САД поради вмешаност во корупција, односно поради поткуп на судските процеси поврзани со ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…