Асанов, осомничен за убиство на 79 годишната Николова од Штип за доказите и истрагата: Ова е само шминка“
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судењето против Денис Асанов(75), кој е обвинет за убиството на 79 годишната Борјанка Николова. Тој е обвинет за кривично дело „убиство“ извршено на свиреп начин, кое обвинителството го квалификува како родово базирано насилство.
На рочиштето беа презентирани докази од истрагата во кои се вклучени фотографии и видео материјали од местото на кое беше пронајдено телото на жртвата, а додека во судницата се прикажуваа морбидните кадри од куќата и дворот, Асанов ладнокрво ги оцени доказите и целата истрага дека се „само шминка“.
Според истрагата, Николова исчезнала на 5 октомври минатата година, а нејзиното тело беше пронајдено закопано во дворот на Асанов на 10 ноември, односно откако полицијата откри траги од крв во неговиот дом. Обвинетиот го призна делото и кажа каде го сокрил телото. Судскиот процес против Асанов продолжува на 8 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Асанов, осомничен за убиство на 79 годишната…
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судењето…
(Видео) Девојка се обидува да му се…
Штипската телевизија „М-нет“ објави видео на кое…
Стојанче до сведокот Саздов: „Дали со Ивана…
Стојанче Јовановски кој е обвинет за наведување…
Ивана на видео повик му кажа на…
По паузата, во Кривичниот суд сведокот Мартин…
Одложен почетокот на судењето за полицајците обвинети…
Првото рочиште за 13-те полицајци обвинети за…