АСО: Пријавени 349 штети од поплавата во Ист Гејт
Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117
Осигуреници од скопскиот регион пријавија вкупно 349 штети врз имот во сите осигурителни компании по силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица, информира АСО.
Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот како последица од незапамтеното силно невреме во главниот град, покажуваат податоците кои Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги обезбеди од сите 11 компании за неживотно осигурување.
Најголемиот број на пријавени штети врз осигуран имот во една компанија изнесува 117 од кои 97 се штети врз имот на физички лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големa поплавa во Њу Јорк
Во моментов во Њу Јорк се случува…
Волос и околината повторно под вода
Грчкиот град Волос, како и околните села,…
Југословенски компании ги изградија браните што ја…
Две брани над градот Дарна во источна…
На сред улица се појави кратер: Големи…
На главниот пат Краљево – Прељина во…
АСО: Пријавени 349 штети од поплавата во…
Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани…