Аспазија Софијанова и Никола Васев си поднесоа оставки од директорските функции!

t

Денеска по барање на Министерот за здравство,  до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники, информираат од Министерството за здравство.

-Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев. Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, информираат од МЗ.

Претходно новинарот Фуркан Салиу денеска објави видео од разговор со директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, каде таа му се заканува дека ќе го тужи затоа што објавил дека земала преку 350.000 денари плата.

Салиу ја објави и пресметката за платата, 113.000 денари за ефективна работа, 192.000 за дежурства, повеќе од 30.000 за работа на државен празник и 16.000 за минат труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…