Објавено на:

Асфалтот во Кисела Вода се разладува со цистерни вода

t

Грижата за здравјето на моите сограѓани е приоритет – продолжува перењето на улиците во Кисела Вода, сподели на својот официјален фејсбук профил првиот човек на скопската општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Перењето на улиците во Кисела Вода го оцени како ефикасна и потребна мерка за одржување на чистотата и хигиената, заштита на здравјето на мојот народ и подобрување на квалитетот на животот во нашите населби и населени места.

– Ова не само што придонесува за поубав изглед на урбаните средини, туку и го намалува ризикот од респираторни заболувања предизвикани од вдишување на прашина и други алергени. Особено важно е за заштита на здравјето на најранливите категории на населението, како што се децата и постарите лица. Покрај тоа, цистерните со вода го разладуваат асфалтот, што е посебно важно во овој период кога температурата секојдневно надминува 40 степени, вели Ѓорѓиевски.

– Одржувањето на хигиената е поставено високо во мојата стратегија на делување и ваквите и слични мерки ќе продолжат и во наредниот период, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…