Атанасовски: Прашање е дали Силјановска ќе потпадне под влијание на кабинетот во кој сѐ уште нема ниту една жена

t

– Силјановска најголем дел од говорот за инаугурацијата посвети на правата на жените, доктори на науки дека ќе има во кабинет, јас од првите позиции во кабинетот не гледам некои доктори на науки, вели Атанасовски кој смета дека не е важен родовиот состав туку кредибилитетот на личноста која е поставена на одредена позиција, но Силјановска сама ветуваше жени во кабинетот, вели во гостување во „Тешки муабети“ политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски. Нејзе ѝ беше наративот да привлече гласачко тело на база на феминизмот. Ако иронизираме од првите имиња нема ни една жена по род.
Може кабинетот ќе има 100 членови, па сите останати ќе бидат жени, ќе видиме, но поважна е надворешнната политика и како ќе се постави претседателот.

Мене Силјановска ми предавала на факултет, сум имал исклучително високо мислење, но тоа време и сега кога има 71 година, да е жива и здрава до 100 години, ќе видиме дали кабинетот ќе може да влијае на нејзините ставови и ќе ги слуша. Во ваква ситуација најважно е да имате сопствен став, вели Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ