Атентаторот на Фицо останува во притвор!

Словачкиот суд денеска донесе одлука Јурај Цинтула, обвинет за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, да биде задржан во притвор, изјави портпаролката на судот.
Обвинителот сакал Цинтула да биде зад решетки од страв дека ќе побегне и ќе продолжи со криминалната активност, пренесуваат медиумите.
Цинтула, кој пукаше во премиерот на Словачка во средата, е обвинет за обид за убиство со мотив за одмазда. Тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.
Тврди дека не сакал да го убие премиерот.
Додека судијата одлучуваше дали атентаторот ќе биде зад решетки, Роберт Фицо се борел за живот во болницата во Банска Бистрица.
Четири од пет истрели го погодија Фицо.
„Се случија неколку чуда, не можам да најдам зборови да им се заблагодарам на лекарите за тоа што сме се поблиску до позитивна прогноза“, изјави денеска министерот за одбрана Роберт Калињак.
Министерката за здравство Зузана Долинкова изјави дека здравствената состојба на Роберт Фиц е стабилизирана, но сепак сериозна.
Според неа, ова го оценил лекарскиот совет на утринскиот состанок.
Вчерашната операција која траеше два часа придонесе за позитивна прогноза за здравјето на премиерот“, рече Долинкова.
Јурај Цинтула, 71-годишен писател, во средата го застрела Роберт Фицо пет пати, по што полицијата веднаш го приведе, а словачкиот премиер веднаш беше префрлен во болницата во Банска Бистрица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словачка се извини поради гласањето за резолуцијата…
Владата на Словачка се извини поради гласањето…
Шојгу: Америка стои зад протестите во Србија…
Секретарот на Советот за безбедност на Русија…
Фицо: Не го сакам Зеленски затоа што…
Премиерот на Словачка Роберт Фицо изјави дека…
Десетици илјади протестираа низ Словачка против ставот…
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ…
Словачка: Излегувањето од ЕУ и НАТО е…
Словачкиот премиер Роберт Фицо застана во одбрана…