АТИНА КАКО ВО ПЕКОЛОТ: Едно лице загина, изгореа куќи, училишта, објекти – се бара меѓународна помош
Едно лице загина во шумските пожари што вчера се проширија во предградијата на Атина, Грција. Телото, за кое се верува дека е женско, било пронајдено во продавница во градот Врилисија, северно од Атина, изјави за Би-Би-Си извор од противпожарната служба.
Пожарникарите во Грција трет ден се борат со пожарот во Атика. Пожарот избувна на неколку фронтови, а уништени се куќи, евакуирани болници, а најмалку 1.000 пожарникари се обидуваат да го локализираат страотниот пожар кој упорно го разгорува силниот ветер.
Запалени се домови и имоти во околните градови, како и североисточните делови на грчката престолнина, вклучително и училиште во Неа Пантелија.
Илјадници луѓе беа евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени домовите, деловните објекти и училиштата, а се очекува пожарите да продолжат и денеска.
Портпаролот на противпожарната служба Василиос Ватракоганис рече дека иако повеќе нема активни огнени фронтови во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина, сè уште има „многу активни локални пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.
Полковникот Ватракоганис рече дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници додека се бореле со пожарот. Официјални лица рекоа дека вчера избувнале пожари на 40 различни локации и во некои области биле забележани пламени високи до 25 метри.
https://x.com/cheguwera/status/1822934531353030735?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1822934531353030735%7Ctwgr%5Ed4c401ad07438edc0c994450e182ab4ab8024eb0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vecer.press%2Fatina-kako-vo-pekolot-edno-lice-zagina-izgorea-kukji-uchilishta%2F
Луѓето во Атина носеа маски за лице за да се заштитат од чадот што дува во градот.
Во Пентели, шумско, ридско подрачје, мораше да се евакуираат три болници. Пожарот ја зафатил и фабриката за дрво, а на други места во областа се слушнале бројни експлозии, најверојатно од резервоари за гориво и плински боци.
https://x.com/theinformant_x/status/1822970822044119136?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1822970822044119136%7Ctwgr%5Ed4c401ad07438edc0c994450e182ab4ab8024eb0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vecer.press%2Fatina-kako-vo-pekolot-edno-lice-zagina-izgorea-kukji-uchilishta%2F
Европските земји најавија помош за Грција откако нејзината влада го активира механизмот за меѓусебна цивилна заштита на ЕУ. Италија обезбедува два авиони, додека Франција и Србија обезбедуваат по еден хеликоптер, рече полковникот Ватракоганис.
Шпанија, Чешка и Романија испраќаат дополнителни возила, персонал и помош.
Соседна Турција исто така се подготвува да испрати два авиони и хеликоптер, рече министерот за надворешни работи Онџу Кечели.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата X рече дека ЕУ „ќе стои на страна на Грција во борбата против разорните пожари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АТИНА КАКО ВО ПЕКОЛОТ: Едно лице загина,…
Едно лице загина во шумските пожари што…
Дваесет и три години Охридски рамковен договор…
Со одделни настани на власта и на…
Продолжува мистеријата со исчезнатата Злата од Свети…
Јас плачам, децата ме тешат и ми…
Денеска се празнува Свети Евдоким
Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј…
Внимавајте: Портокалово ниво на опасност, денеска до…
Портокаловото ниво за опасност од високи температури…