Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра
Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер.
Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.
Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .
Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.
Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Дали Петков ќе ја посети или не…
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…
Oпозицијата го пpeмисли Бојко: Време било да…
Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов му го…