Објавено на:

АФП: Се влошуваат односите меѓу Русија и Израел

t

АФП објави дека односите меѓу Израел и Русија се влошија откако е започната постапката за затворање на агенцијата која им помага на руските Евреи да емигрираат во Израел.

„Руската одлука да ја затвори агенцијата што ја обработува имиграцијата на Евреите во Израел ќе биде сериозен настан што ќе влијае на билатералните врски“, рече израелскиот премиер Јаир Лапид.

Московскиот суд минатата недела соопшти дека Министерството за правда побарало распуштање на Еврејската агенција поради наводни прекршувања на законот кои не се јавно прецизирани, и закажа рочиште за 28 јули.

Некои тоа го протолкуваа како предупредување од Кремљ до Лапид, кој зазема поостра реторика за украинскиот конфликт од поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој се повлече на 1 јули.

По ваквиот потег на Москва, Лапид нареди „правна делегација да се подготви да оди во Москва штом ќе добие руско одобрение за разговори и да се вложат максимални напори да се исцрпи правниот дијалог“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Санчез му порача на Израел: Шпанија не…

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…