АХВ изврши вонредни инспекции во кујните на приватните градинки, биле изречени казни

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватните градинки на целата територија на Македонија. Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парични казни.
Хигиенските барања кои се однесуваат на немплелемтирани процедури на добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните.
За отстранување на утврдените недоследности, издадени се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции- парични казни.
Со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Се уништува 1980 килограми небезбедно замрзнато…
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и…
АХВ казни 23 угостители
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници,…
АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни…
Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…