Ахмети бара помош од Трамп, Макрон, Руте: Загрижен е за отстапувањето од Рамковниот договор

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку писмо ги информира светските лидери меѓу кои Доналд Трамп, Емануел Макрон, Урсула Фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте за политичките случувања во земјава и за загриженоста за отстапувањето од Рамковниот договор.

-Во воведот, претседателот Ахмети го нагласува континуираното залагање на ДУИ за целосна имплементација на Охридскиот договор, изградбата на демократска и мултиетничка држава, како и евроатлантската интеграција на земјата. Тој изразува загриженост за најновите политички случувања што ги засегаат овие достигнувања, вклучително и укинувањето на „балансерот“ за правична и соодветна застапеност на заедниците, предизвиците во функционирањето на институциите што го спроведуваат Законот за употреба на јазиците и иницијативите за негово поткопување и оспорување пред Уставниот суд- информира ДУИ.

Од партијата велат дека отвореното писмо од 3 април е адресирано до сите амбасадори на земјите -членки на Европската Унија акредитирани во земјата, како и до светски лидери, шефови на држави, премиери и поранешни лидери. Писмото е испратено до претседателот на САД  Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, премиерката на Италија Џорџа Мелони, како и до поранешниот претседател на САД Џорџ Буш.

Ахмети писма испратил и до државниот секретар на САД, Марко Рубио, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и неговата заменичка Радмила Шеќеринска, потпретседателката на Европската комисија, Каја Калас, до евроамбасадорот Михалис Рокас…

Лидерот на ДУИ преку отвореното писмо бара континуиран ангажман и поддршка од меѓународните партнери за зачувување на достигнувањата од Охридскиот договор, зајакнување на стабилноста и унапредување на евроатлантската перспектива на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…