Ахмети: Без албанско-српско помирување нема безбедност во регионот

Претседателот на најголемата партија на Албанците во Македонија, Демократската унија за интеграција, Али Ахмети рече дека за да се постигне безбедност и стабилност во регионот, мора да има албанско-српско помирување и додаде дека еден од чекорите за тоа пат е признавањето на независноста на Косово од Србија, известува Клан Косово.
„Затоа, без албанско-српско помирување, стабилноста и безбедноста се оштетени не само во Косово и Србија, туку и пошироко“, рече Ахмети.
Според него, има неколку чекори за да се дојде до тоа помирување.
Србија конечно мора да го признае Косово како држава, Косово мора да го заземе заслуженото место во сите меѓународни институции, во Обединетите нации, да нема пречки, да биде признаено од земјите од ЕУ“, рече Ахмети.
Тој истакна дека целта на Македонија е влез во Европската Унија и отстранување на границите.
Ахмети додава дека Македонија сака да нема проблеми со соседите, да живее во мир, стабилност и безбедност, бидејќи, како што додава, ова е начинот на кој се гради иднината за новите генерации.
„Не дозволувајте да ги имаат маките што ние како генерација ги доживеавме. Новите генерации не знаат како сме се школувале и страдале, но денес Албанците во Македонија имаат три универзитети“, рече Ахмети.
Тој посочи и дека албанското знаме е неприкосновено дури и во официјална употреба во Македонија бидејќи, како што вели, секој „градоначалник кој нема црвено-црно знаме на масата и пред општината ќе биде казнет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН се пофали дека за прв пат…
„Нонграта од ДУИ почна да спие подлабоко,…
Меџити даде силно ветување за вработување на…
Првиот заменик-претседател на Владата и претседател на…
Србите во Бугарија утре ќе протестираат во…
Српската заедница во Бугарија протестира во знак…
Османи за 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц:…
Косовската претседателка Вјоса Османи присуствуваше на комеморацијата…
Османи: Секое загрозување на правата на Албанците…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека…