Ахмети: Не сме заинтересирани да станеме дел од Владата, туку за дискусија за теми важни за државата

t

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во моментов не се заинтересирани да станат дел од Владата, туку да се дискутира за теми кои се важни за државата. Кажа дека има незадоволство кај Албанците во земјата, но и дека има незадоволство во регионот, односно кај Бугарија и кај Грција.

„Ние не сме заинтересирани да станеме дел од Владата, бидејки… како да кажам, овие работи станаа многу пазар. Ние сме заинтересирани за теми. Теми кои директно влијаат во зачувување на стабилноста на државата, во зачувување на добрите меѓуетнички односи, за теми кои директно влијаат во поправење на односите со соседните држави. Ова се многу важни теми, теми од кои добиваат сите граѓани, но добива и регионот. Треба активно да придонесуваме за овие теми. За внатрешна стабилност и стабилноста во регионот, бидејќи како се движат сега работите, сигналите не се добри. Има незадоволство и внатрешно, особено кај Албанците тука во земјава, но нема некое задоволство ниту во регионот. Бугарија има свои незадоволства. Грција има свои незадоволства. Овие незадоволства можат директно да влијаат и внатре во земјава, било тоа во политичките прашања или на економски план. Така што ние сме заинтересирани за овие теми да се дискутира. За овие теми да се најдат решенија. За да не бидеме заложници на нерешени прашања со кои ние се соочуваме.“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Не сме заинтересирани да станеме дел…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вечерва во…

Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во…

Министерот за животна средина и просторно планирање,…

„Врие“ во Давос: Меркел, фон дер Лајен…

Без САД сега ќе зборувавте германски и…

Златото го сруши историскиот рекорд, стравот од…

Заканите поврзани со Гренланд и растечките геополитички…

Србија повторно одби санкции: Брисел го мери…

Србија повторно не се усогласи со најновите…