Ахмети од Приштина вели: Мојата поддршка за Косово никогаш нема да изостане

t

„На Косово му требаат пријатели и сојузници и единствено решение е меѓусебното признавање, но тоа може да се постигне само со прогресивни политики и посветеност на иднината. Мојата поддршка за Косово никогаш нема да изостане. Ви благодариме за гостопримството браќа“, напиша Ахмети.

На Ахмети денеска му беше врачен клучот на градот од страна на градоначалникот на Приштина, Прпарим Рама.

Посетата на Ахмети на Косово доаѓа откако државата ја напушти поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби.
Груби замина во Приштина викендов, непосредно пред почетокот на полициската акција и претресот во неговиот дом. Подоцна, во објава на својот фејсбук-профил, тој напиша дека е во приватна посета на Косово и дека не е избеган од државата. Откако ќе ги завршел приватните обврски, напиша Груби, тој ќе се врател во Македонија.
Кривичниот суд Скопје попладнево им одреди триесетдневен притвор на поранешниот вицепремиер и поранешниот директор на Државна лотарија, Премтим Бајрами, и двајцата во бегство, поврзани со истрагата за Државна лотарија.
По ова, Јавното обвинителство вечерва издаде наредба до Министерството за внатрешни работи (МВР) да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Државна лотарија, Премтим Бајрами откако Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена затоа што и двајцата се наоѓаат во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…