Ахмети оптимист: Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија до крајот на месецот
Јас не сум во кампусот на песимистите и сметам дека до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.
„Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука“, рече Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање по објавата на резултатите од изборите во партиските ограноци.
Ахмети потенцира дека тие се за решавање на проблемите и смета дека и за Бугарија е добро да се најде решение.
„Цел на нашето делување како политичка партија, но и секојдневното комуницирање што го имаме со нашите коалициски партнери и со опозициските партнери, велиме дека сега е моментот и сега треба да најдеме решение и треба да демонстрираме храброст, но за добро и на нашата држава но и на Бугарија е ова прашање и овој елипог да биде позитивен“, рече тој.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…