Ахмети: Охридскиот договор е неприкосновен и секој обид за негово прекршување ќе наиде на силно противење од Албанците и ДУИ
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа на собир на партијата во Гостивар најостро ја осуди одлуката на Уставниот суд за, како што рече, еднострано распишување јавна расправа за ревизијата на Охридскиот мировен договор, оценувајќи ја оваа постапка апсурдна и неприфатлива.
„Охридскиот мировен договор е историски документ, кој стави крај на војна и создаде основи за праведно и еднакво општество. Тоа е мировен договор кој не може да биде доведен во прашање или повторно да се преговара од никого, а уште помалку од тело кое нема ниту надлежност ниту легитимитет да го стори тоа. Законот за јазици, кој е дел од Охридскиот договор, гарантира еднакви права за сите граѓани и претставува извонредно достигнување за мултиетничкиот соживот во Северна Македонија.
Одлуката да се отвори дебата за тоа е еквивалентна на обид да се поништи мировниот договор и да се создаде непредвидливост за иднината“, рекол Ахмети.
Ахмети, според соопштението на ДУИ, нагласил дека Охридскиот договор е неприкосновен и секој обид за негово прекршување ќе наиде на силно противење од страна на Албанците и ДУИ.
Тој ги повика сите политички партии, граѓанското општество и граѓаните да се заложат за заштита на ова историско достигнување и да не дозволат да бидат загрозени придобивките од мирот и стабилноста.
„Охридскиот мировен договор не е и нема да биде предмет на повторно преговарање“, додал Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Охридскиот договор е неприкосновен и секој…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа на…
ДУИ бара итна оставка од претседателот на…
ДУИ најостро ги осудува последните случувања во…
(Фото+видео) Гужва пред Уставен суд: Врие од…
Пред Уставниот суд се уште е гужва,…
ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот
Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот на…
Османи: Уставен суд извршува наредби на ВМРО-ДПМНЕ
Централното претседателство на Демократската унија за интеграции,…