Ахмети – Пападопуло: Легитимитетот е основа на Охридскиот Договор
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со заменик министерот за надворешни работи на Грција, Александра Пападопуло која е во посета на Скопје на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Изборите, Охридскиот договор и легитимитетот, европската перспектива на земјата и потребата од натамошна поддршка од Грција, беа дел од разговорот меѓу Ахмети и Пападопулос.
Двете земји како сојузници и партнери играат клучна улога во обезбедувањето стабилност не само на Западен Балкан, туку и пошироко, додека ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и решавање на отворените прашања. Грција отсекогаш била поддржувач на евроинтегративниот пат на Северна Македонија, како и сигурен сојузник во НАТО, беше истакнато на средбата.
Ахмети понатаму додаде дека очекува оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи и во иднина.
Европската интеграција на регионот е од големо стратешко значење и е од заеднички интерес за општата безбедност на Европа.
Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката со која се развиваат билатералните односи, особено во последните седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа, со што беше изразена потребата од негово целосно почитување и спроведување од двете страни.
Ахмети го истакна духот на Охридскиот договор, чие почитување 23 години гарантира мир, безбедност, стабилност, социјална кохезија и евроатлантска иднина на државата.
Затоа, од исклучителна важност е мнозинската заедница да го почитува демократскиот легитимитет на втората заедница во државата и другите заедници во согласност со духот на Охридскиот договор.
Меѓународната заедница е гарант на Охридскиот договор и заедно не смееме да дозволиме да се врати назад, туку континуирано да го унапредуваме како што е нагласено во самиот текст на Охридскиот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…
Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…
Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…
Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…
Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…
Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…
Министерот за одбрана на привремените институции на…
Се создава „чудовиште“? Русија и Иран ќе…
Москва и Техеран ќе потпишат голем меѓудржавен…