Ахмети: Сите освен Апасиев и Левица се за НАТО
Освен Левица, сите други партии се за ЕУ и НАТО, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово. Според него, речиси сите политичари во Македонија се за членувањето во Унијата и го одобруваат Преспанскиот договор.
-Само Апасиев е против е зачленувањето во НАТО, против Европската Унија, против Охридскиот договор, против Преспанскиот договор, против признавањето на Косово, против развојот на Албанците во регионот. Левица има два пратеника кои сепак имаат влијание во одредени слоеви на граѓани, додал Ахмети.
Лидерот на ДУИ смета дека на Албанците во Македонија им се потребни само две партии.
-Јас отсекогаш сум ја промовирал и ја промовирам тезата дека во Република Северна Македонија повеќе од две албански партии не прават да бидеме неважни. Во Македонија доволни се само две партии, третата може да биде штетна, вели Ахмети.
Тој истакна дека во преговорите од 2001 година, македонската страна инсистирала Албанците да не бидат вклучени во Уставот.
-Темата за 20% не е супстанцијална тема. За време на охридските преговори тие се комплицираа уште пред да почнат затоа што македонската страна инсистираше Албанците да не фигурираат во Уставот на Република Македонија, вели Ахмети.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа…
Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…
Во попладневните часови поради дефект на далекувод…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…