Ахмети со порака до Путин: Да се повлече што побрзо, ова срамота!

t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во изјава за медиумите проговори и за војната во Украина.

Тој вели дека сите се заинтересирани за да се најде побрзо решение и да се затвори овој случај, кој е болен за Украина.

-Да се најде решение за да се стигне до прекин на огнот и да се отвори патот за дијалог и да се воспостави мир. Да се остават во слобода Украинците да одлучуваат за своите судбини. Претседателот Путин и Русија треба да чувствуваат одговорност како една голема моќна држава направиле инвазија на еден народ, ја нарушуваат волјата на еден народ и ова е срамота, вели Ахмети.

Тој додава дека колку побрзо се повлечат, толку подобро ќе биде и за Русија и за Европа.

-Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не дозволи оваа безмилосна војна што се случува во Украина и да се стави крај на оваа инвазија што е можно поскоро“, додава Ахмети.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…