Аца Лукас: На коцка изгубив 70 милиони ама не се каам
Фолкерот Аца Лукас изјави дека изгубил повеќе од 70 милиони долари на коцкање. Но, како што вели не жали за тоа бидејќи тоа биле негови пари.
-Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои клучни грешки. Ако се убиев, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум. Некои ми велат дека сум го прокоцкал станот во Белград. Прокоцкав цела населба во Белград. Една дебела населба, најскапата. Ама добро, што ќе правиш, јас сум. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се што треба да имаат – призна Лукас.