АЈДЕ АИРЛИЈА: Македонија вечерва го започнува Европското првенство во ракомет
Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот (МТВ пренос) ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Диселдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.
Покрај во Диселдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен.
Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ЕУРО со 24 екипи чиј домаќин е една земја.
Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.
Двете првопласирани од секоја група одат во Главната фаза која ќе се состои од две групи со по шест селекции.
Европската ракометна федерација ги објави и судиските номинации за машкиот ЕХФ ЕУРО 2024 година во Германија. Помеѓу 18 двојки се и македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Првенството се одржува од 10 до 28 јануари следната година, а бранител на шампионскиот трофеј е Шведска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…
Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…
(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…
Нема потреба од паника и од вознемиреност…