Ајде сите да си ги кажат желбите: Посебна изборна единица за помалите етнички зедници, бара Партијата за движење на Турците

t

Партијата за движење на Турците (ТХП) бара промена на изборен модел, односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалите етнички заедници во Собранието.

„Бараме посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалите етнички заедници. Во таа посебна изборна единица партиите на помалите етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласаат гласачи од помалите етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови“, велат од ТХП.

Од партијата сметаат дека со таков изборен модел, не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помали етнички заедници ќе имаат поголеми шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Освен што со својата лојалност придонесува…

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на…

Ајде сите да си ги кажат желбите:…

Партијата за движење на Турците (ТХП) бара…

Турци уапсени во Скопје: Нападнале полицајци во…

Двајца турски државјани биле уапсени рано утрово…

Турците не ги признаваат резултатите од пописот

Националното координативно тело за пописот на турскиот…

Непризнатото турско малцинство во Бугарија се сретна…

Претседателот на Првата и единствена политичка партија…