А не беа Преспанскиот и бугарскиот договор? СДСМ: Претседавањето со ОБСЕ е еден од најголемите успеси на македонската дипломатија
„Од први јануари нашата држава и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во која членуваат 57 земји меѓу кои се и САД и Русија. Ова е еден од најголемите успеси на македонската димпломатија“, соопштија од СДСМ.
„Во 2023 година кога светот се уште е во деликатен период поради агресијата врз Украина, токму нашата, македонска држава ќе има важна улога во зачувување на светскиот мир и стабилност.
Ако до пред неколку години, стоевме надвор и чекавме одлуки за нашата иднина, денес, седиме на главните маси на најголемите светски организации и сами решаваме не само за нашата, туку и за светската иднина.
Благодарение на димпломатските победи на владите предводени од СДСМ, денес сме почитувана држава, пријател и партнер на демократскиот свет“, порачаа од партијата на власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колева: Државата никогаш не била толку понижена…
Не гледаме ниту еден конкретен резултат од…
Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…
„Непосредно пред локалните избори, во време кога…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…
На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…